СЗО: Новиот вид на коронавирус се појави и во Данска и Холандија

Новиот вид на коронавирус, кој се појави во југоисточна Англија, е пронајден во Данска, Холандија и Австралија, изјави техничкиот директор на Светската Здравствена Организација, Марија ван Керхове.

„Нов вид на корона се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму“, изјави Ван Керхове за Би-Би-Си.

Google search engine

На прашањето да одговори дали новиот вид потекнува од југо-истокот на Англија, таа одговори позитивно. „Да. Според информациите што Англија ги сподели со нас, новиот вид доаѓа од југоистокот на Англија или од Лондон“, изјави таа.

Таа додаде дека Велика Британија утврди постоење на нов вид на вирус уште во септември, кој сè уште циркулираше на југоистокот на Англија.

„Загрижени сме за ширењето на вирусот и фактот дека има многу мутации. Свесни сме дека новиот вид не предизвикува потешки случаи според прелиминарните резултати, сепак, студиите се во тек и ќе ги видиме резултатите“, рече таа.

Ван Керхове рече дека понатамошното секвенционирање ќе биде корисно за да откриеме дали овој вид кружи на друго место во светот.

„Колку подолго се шири овој вид, толку е поголема можноста тој да се промени. Ние навистина мора да сториме сè за да го спречиме тоа“, заклучи претставникот на СЗО.

Претходно, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека новиот вид на коронавирус е 70% позаразен од претходните соеви.