Светскиот медиум со гаф: “CNN” ја “однесе” Србија на границата со Украина

Новинарите на “CNN” неодамна имале нов гаф, поради што станале мета на исмејување на интернет.

Ситуацијата во Украина се следи од час во час, а медиумите се во трка кој побрзо и подобро ќе ги пласира вестите.

Google search engine

Веројатно во таа брзина некој од “CNN” си дозволил гаф, поради кој сега горат социјалните мрежи, пренесува “B92”.

Имено, некој во таа медиумска куќа ги помешал Унгарија и Србија, па објавил мапа на која е прикажано како Србија се граничи со Украина.

Откако фотографијата завршила на социјалните мрежи, почнале да се редат коментари.

„Па тоа се Американци…Што очекувавте?, коментирале корисниците.

“Не ги интересира. Ова е за американската публика? Дали некого го интересира? Дали некој знае? Колку луѓе забележале нешто вакво”, се прашал друг корисник.