Светот за првпат доби хотел во облик на гитара

Во согласност со карактерот и сите други работи кои Холивуд може да ги понуди, Лос Анџелес се надева дека ќе стане дом на нов необичен хотел.

Со импресивна платформа од 17 единици во Северна Америка „Rock Group Hotel“ го проширува својот бизнис и го освојува Лос Анџелес. Нормално, тие без многу маки, како што велат и самите, би го засениле познатиот Холивуд знак, бидејќи дизајнирале хотел во облик на гитара со 30 спрата.

Google search engine

 

Seminole Hard Rock Hotel & Casino“ ќе биде отворен во втората половина на оваа година, а ќе ги воодушеви своите гости со гигантската фонтана и апартмани со неверојатни 400 метри квадратни. Нормално, хотелот ќе го поседува оној луксуз на кој се навикнати луѓето кои посетуваат вакви необични места, како што се базените, приватни плажи, клуб на плажата, ресторани и ВИП базени.

 

Она што исто така вреди да се спомене е монументалното казино, кое, меѓу останатото ќе содржи 3.000 слот-апарати и 193 маси за играње покер.

 

Официјално, хотелот ќе биде отворен на 24-ти октомври, каде ќе настапи славната група Maroon 5. Ако сакате да бидете дел од свеченоста по повод отворањето на овој уникатен хотел, својот апартман можете да го резервирате до 24-ти јули.