СВЕШТЕНИК ВЛЕЗЕ ВО КАФЕЗОТ НА ЛАВ!? НЕМАЛ ПОИМ КАКОВ ПЕКОЛ ГО ЧЕКА Сцената што следи била страшна (ВИДЕО)

Видеото од тогашен четириесет и шестгодишен маж како „крштева“ лавови во зоолошката градина во Тајван е создадено на 3 ноември 2004 година, а неодамна повторно се појави на социјалните мрежи и стана вирално.

Имено, камерата снимила неименуван маж како влегува во оградениот простор каде во тој момент се наоѓале овие два опасни ѕверови.

Google search engine

Очевидец по име Хсу Ли-јен за станицата CTI изјавил дека човекот имал за цел да ги „крсти“ овие лавови и дека во еден момент извикал со раширени раце: „Исус ќе те спаси!“, пренесува Лос Анџелес Тајмс. Поради тоа многумина мислеа дека се работи за свештеник.

lav

Отпрвин не реагираа бурно на неговото присуство, но во еден момент од видеото може да се заклучи дека машкиот лав го губи трпението, па токму тогаш му го скина палтото од рака.

Се вели дека лавот потоа го каснал за рака, што може да се види на видеото, а исто така му ги скинал панталоните.

Во тој момент мажот се движел наназад, но не излегол надвор, туку решил да продолжи да седи на работ од просторот.

Откако лавот по вторпат се нафрли врз него, тој едвај успеа да се одбрани со рака, по што лавовите го фрлија во агол.

Уште во тој момент решил да остане со лавовите.

На крајот со водени топови ги растерале лавовите.

Многу корисници на социјалните мрежи изјавиле дека поради начинот на кој мажот ги држел рацете мислеле дека се моли, а оттаму настанала шега дека влегол со цел да ги преобрати лавовите, а дека е свештеник.

Од друга страна, некои корисници известуваат дека кревањето раце и мавтањето на овој начин дополнително го испровоцирало лавот.

Како што јавија локалните медиуми, мажот преживеал и бил пренесен во болница. Наводно, по неколку спаринг-сеанси со лавот, чуварите насилно го извлекле бидејќи и покрај се, човекот не сакал да излезе на безбедно место.

Според NBC News, овој човек имал голема среќа бидејќи лавовите биле нахранети порано во текот на денот, инаку којзнае како би завршило ова.