Сведочење за последните минути од несреќата: „Луѓето почнаа да врескаат како во хорор филм, го зедов чеканот и го скршив стаклото“

Екипата на „Клан ТВ“ разговарала со Лулзим Сулејмани, еден од преживеаните во автобуската несреќа која се случи во Бугарија.

Лулзим Сулејмани од Прешево седел на претпоследното седиште во автобусот кој во понеделникот од Истанбул тргнал на пат кон Скопје. Кога се случила катастрофалната несреќа во Бугарија, тој бил буден и свесен за сè што се случува околу него.

Google search engine

Еве што изјави тој:

„Додека одеше автобусот, од десната страна удри во тротоарот, тркалата на автобусот пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад во автобусот. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево и сам застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Успеав да избегам бидејќи го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица“, изјавил Сулејмани.