Студија која покажа какви се реакциите по третата доза на вакцината

Според новиот прелиминарен извештај од Центарот за контрола и превенција на болести на САД ( ЦДЦ ), во кој се следени 306 луѓе кои ја примиле третата доза на вакцината против ковид-19 на Фајзер, несаканите ефекти по третата доза биле многу слични со оние по примањето на втората.

Најчестите несакани ефекти кај вакцинираните беа замор (56 отсто), главоболка (43 отсто) и болка во раката на местото на инјектирање (71 отсто). Овие симптоми обично траат еден или два дена. Дополнителни вообичаени несакани ефекти беа замор во мускулите или зглобовите и треска.

Google search engine

Отечени лимфни јазли на пазувите беа почесто присутни по третата отколку по примарната серија од две дози на имунизацијата.