Студен туш од Фон дер Лајен: Украина е поблиску до ЕУ од балканските држави !?

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за австрискиот весник Wiener Zeitung зборуваше за проширувањето на Европската унија, Украина и БиХ и за доделувањето кандидатски статус на балканските држави, пренесува Klix.ba

Процесот на пристап зависи од напредокот. Во рацете на земјата-кандидат е колку брзо ќе оди процесот. На пример, Словачка направи се што може за да ги спроведе потребните реформи и стана членка пет години подоцна. Турција сега е подалеку отколку тоа“, коментира Фон дер Лејен.

Google search engine

Таа кажа дека нејзиниот впечаток за Украинците е дека како нација се многу мотивирани и обединети во нивната желба да влезат во ЕУ. Таа истакна дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и рекол дека тоа е затоа што членството во блокот е важно за државата и за демократските процеси.

Поради долго чекање за доделување кандидатски статус на земјите кои сакаат да влезат во ЕУ, Австрија неодамна предложи да се реформира целиот пристапен процес за земјите да не чекаат премногу долго за членство.

Претседателката на Европската комисија е целосно сигурна дека ќе биде донесена позитивна одлука за доделување статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на Украина, иако тие треба да се гледаат како посебни процеси на намера за приклучување и потенцијален круг на проширување.

„Речиси сите земји од Западен Балкан се подалеку од Украина на тој пат. Навистина се надевам дека можеме да најдеме решение, дека конечно можеме да го одржиме ветувањето и да ги започнеме преговорите. Босна и Херцеговина, на пример, може да ги започне пристапните преговори веднаш доколку се исполнат 14 главни точки. Имаше голем напредок таму, тоа треба да го признаеме“, истакна Фон дер Лејен.

Таа е на мислење дека Србија треба да одлучи „на која страна сака да биде“, но дека на ЕУ и треба јасен доказ дека таа земја ги споделува европските вредности како што се владеењето на правото и демократијата, како и дека се противи на Руската инвазија.