Строгите мерки стапија на сила во Италија: Невакцинираните веќе не можат во ресторани, на натпревари, во кино…

Мерките не се однесуваат на деца помлади од 12 години, бидејќи тие се уште не можат да се вакцинираат. Но, според владините планови, би можеле да почнат со вакцинација од 16-ти декември.

Во Италија денеска стапиле на сила строгите мерки против ковид кои ќе ги исклучат невакцинираните лица од многу јавни активности, па тие нема да можат да го користат јавниот превоз без ковид потврда.

Google search engine

Од понеделник, само оние кои се вакцинирале или прележале ковид-19 ќе можат да јадат во ресторани, да одат во кино, да излегуваат во клубови или да гледаат фудбалски натпревари на стадион.

Владата на премиерот Марио Драги ги донела новите правила кон крајот на ноември, а ќе останат на сила до 15-ти јануари.

Правилата се однесуваат и на користење на јавниот превоз и престојот во хотели. На пример, досега патниците кои патувале со воз на долга релација морале да покажат дека се вакцинирале, прележале ковид или имале негативен тест на коронавирус.

Од понеделник зелената потврда ќе биде потребна за возење со подземната железница, со автобус и воз во меѓуградски превоз.

Мерките не се однесуваат на деца помлади од 12 години, бидејќи тие се уште не можат да се вакцинираат. Но, според владините планови, би можеле да почнат со вакцинација од 16-ти декември.

Италијанскиот медицински регулатор веќе ја одобрил вакцината “Pfizer/BioNTech” во помали количини за деца од 5 до 11 години.

Од 15-ти декември ќе започне задолжителната вакцинација на училишен персонал, полицајци и војници. Вацкинирањето на вработените во здравствениот сектор е задолжително од април.