Стриптизети откриле бизарни тајни од нивната работа: „Заработував двојно поради бременоста“

Многумина ќе се согласат дека работата на стриптизетите не е нималку лесна.

Има свои предности и мани, исто како и секоја друга работа, а екипата од „BuzzFeed“ ги прашала своите читатели да споделат некои тајни од својата работа кои се помалку познати за пошироката јавност.

Еве што напишале тие.

1. „Бев стриптизета околу 3 години во моите 20-ти, за да го отплаќам кредитот за студирање. Кон крајот на оваа работа останав бремена и за време на бременоста заработував двојно повеќе пари од вообичаено. Нема да верувате колку момците се возбудуваа на мене бидејќи бев видно бремена“.

2. „Работев како стриптизета околу две и пол години. Еден маж редовно купуваше приватни часови во ВИП соба. Ми плаќаше стотици долари за да му ги газам тестисите со штикли и да го удирам со камшик за јавање. Се чувствував лошо што го повредував, но тој го сакаше тоа“.

 

3. „Штотуку завршив средно училиште и работев како стриптизета за да ги прехранам своите две мали деца. Бев на сцена и го здогледав најдобриот пријател на татко ми. Ме однесе дома, спиевме заедно и ми плати околу 20.000 долари. Не зажалив“.

4. „Танцував 12 години. Често пиевме вода наместо вотка, која клиентите ја плаќаа бидејќи сакаа да нè опијанат. Мислеа дека е лесно нас да нè искористат, но ние и полни чаши шампањ фрлавме во кофа со мраз додека не гледаа. Многумина во ВИП собите само сакаа да ги држам за рака додека плачат. Понекогаш таа работа навистина ме растажуваше“.

5. „Во некои клубови странките мора да купат лажни пари за бакшиш. Така клубот го заработува својот процент од тоа прво купување, но заработуваат и кога стриптизетите подоцна тие лажни пари ги разменуваат за вистински. Интересен рекет“.

6. „Ако можеш, секогаш работи на место каде што имаат добра храна и каде пијалоците не се разредуваат. На клиентите ќе им биде подобро ако понудата е добра, што значи дека ќе даваат подобар бакшиш и ќе доаѓаат почесто“.

7. „Понекогаш во клубот добиваме разни вреќички со подароци кои нѝ ги испраќаат христијаните, кои ‘се молат за нашите души’“.

 

8. „Танцував со години. Луѓето воглавно мислат дека стриптизетите се зависнички и девојки со психички проблеми, но јас не сум видела такво нешто. Сакав да танцувам и ги сакав парите кои ги заработував, буквално таа работа ми ја отплати првата куќа. Бев единствена во целото мое друштво која купи сопствена куќа на неполна 21 година“.

9. „Пријателка на сестра ми беше стриптизета за време на студирањето. Вели дека заработката не е толку добра колку што мислат луѓето и дека не е постојана, што може да биде проблем“.

10. „Клубот во кој работев имаше и кујна, а некои клиенти понекогаш ме честеа вечера и ме покануваа да јадам со нив. Повеќето од нив само сакаа да разговараат. Некои дури велеа дека така вежбаат за вистински состаноци“.