Војната во Украина продолжува. Руските сили уништуваат сè пред себе, ракетирајќи станбени квартови и болници.
„Sky News“ вчера објави снимка од разурнатиот град Бородјанка кој е оддалечен 60 километри од Киев.
На видеото се гледа размерот на уништените станбени згради и инфраструктура, а изгорените руски камиони останале на главната улица на градот по жестоките борби помеѓу жителите и руските војници.
Пред градската пошта можат да се забележат голем број уништени руски возила, а повеќето изгореле до непрепознатливост.
Еден камион, сè уште наизглед недопрен, ја носи белата ознака „V“, слична на онаа на другите руски единици во регијата.

На видеото се гледаат и неколку високи згради кои изгореле во пожар, а мебелот и работите од становите завршиле на улиците. Една деветокатница е речиси преполовена.
Жителите на Бородјанка рекле дека одреден период успеале да ја попречат руската окупација на градот со молотови коктели.
Гранатирањето на градот траело 2 дена, а станува збор за мал град со околу 13.000 жители.