Страшни сцени во Јапонија. Земјата се лизга. Куќи затрупани во кал (видео, фото)

Тропските дождови во Јапонија, предизвикаа голем клизиште на земјата, југозападно од Токио во кој загинаа две лица, околу 20 се водат за исчезнати и најмалку 10 куќи се уништени, потврдија локалните власти во Атами, префектурата Шизука.

Засега не е познато каква е судбината на исчезнатите лица, но надлежните служби започнаа акција во таа област и ги бараат, пренесува агенцијата Кјодо.

Google search engine

Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, се состана со министерот за вонредни состојби поради ситуацијата во Атами, а локалните власти исто така побараа помош од јапонската армија.

Поради покачувањето на нивото на локалните реки, властите во префектурата Канагава, јужно од Токио, им наредија на граѓаните веднаш да ја осигурат нивната безбедност, издадоа највисоко ниво на предупредување и повик за евакуација.