Странските инвестиции имаат намелено производство, извоз, и број на вработени, и половично се задоволни од државната помош!

Асоцијацијата на странски компании со технолошком напредни технологии спроведе анкета за проверка на состојбите, ограничувачките фактори, и идните трендови кои ги засегаат странските инвестиции во Македонија.

Истражувањето кое е спроведено во овие компании покажува дека главните причини за првичните инвестиции во Македонија биле пристапната и конкурентна работна сила, државната помош која им се нуди на странските инвестиции, добрата географска локација. Анкетата покажува дека топ трите пречки во досегашното работење на странските инвеститори се недоволно квалификуван стручен кадар, огромни бирокаратски процедури и администрација која што не е ефикасна во својата работа како и правна неизвеснот и честа промена на законите.

Google search engine

Во однос на инфраструктурата и локацијата каде што е сместена компанијата, странските инвеститори се релативно задоволни. Бројките покажуваат дека 57 отсто се делумно задоволни, а 11 отсто од испитаниците не се задоволни од инфраструктурата на нивната локација. Инвеститорите наведоа дека пристапен пат, приклучок за струја, ограда, осветлување и влез се приоритетните инфраструктурни прашања кои мора да се решат во следниве 12 месеци. Во однос на инфраструктурата дополнително 42 отсто од испитаниците се изјасниле дека им е потребна дополнителна услуга на локацијата. Како дополнителна услуга странските инвеститори побарале во нивна близина да има банка, детска градинка и противпожарна станица. Како дополнителен предлог странските бизнисмени ги напоменале гасификацијата, и подобрување на превозот на вработените.

Странските компании во однос на перформансите од работењето истакнале дека 54 отсто од компаниите кои имаат сериско производство пријавиле пад на производствениот обем, во периодот од јануари до ноември лани во споредба со нивниот бизнис план. Намалувањето на производството се движи од 10 до 35 отсто. Според нивните одговори, причини за намалувањето на производството, а со тоа и извозот се наведуваат намалените нарачки од странство, недостаток на суровина, како и пречки во транспортот. Повеќе од половина или 54 отсто од анкетираните странски фирми истакнале дека се соочуваат со зголемување на увозните основни суровини за работа кои им се потребни во производствениот процес и тоа имало зголемување од 20 до 35 отсто. Податоците велат дека 46 отсто од компаниите имаат намалување на нето извозот во анализираниот период од 10 до 35 отсто. Податоците за работната сила покажуваат дека има намалување на бројот на работници од 353 лица или за 1,7 отсто е намален бројот на вработените во компаниите во сериското производство. Според потребата на овие фирми, тие најтешко доаѓаат до инженерски и технички кадар, а најлесно до административен кадар. Како причини за недостатик на кадар, компаниите со странски капитал ги наведуваат, одливот на стручен кадар во странство, недоволно практично искуство, несоодветно образование. Како дополнителен проблем во однос на работната сила се наведува и ниската мобилност на вработените надвор од Скопје.

Компаниите одговараа и на прашања поврзани со државната помош. Имено, за 44 отсто од испитаниците правилата не се јасни и даваат можност за различни толкувања, како и дека државата не ги спроведува правилата доследно. Според анкетата убедливо најголем дел од компаниите ги контактираат надлежните агенции и тела поради прашања поврзани за државната помош. Дополнително, за 54% од компаниите државната помош многу влијаела на одлуката за инвестирање во земјата, односно истата не би се случила без државна помош. За 32% од компаниите државната помош имала мало влијание, во насока на зголемување на планираната инвестиција и нејзино забрзување. За 14% од компаниите помошта од државата немала стимулирачко значење за инвестицијата. Анкетата покажува и дека за 68% од сите компании измените во пристапот на државна помош по Законот за финансиска поддршка на инвестициите немале никаков стимулирачки импакт или имале незначително влијание во интензивирање на инвестицијата и вработувањата. 93% пак од компаниите сметаат дека се потребни нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата, како прекини во ланецот на доставувачи, недостаток на микрочипови, прекини на прозводство од страна на клиенти, и слично. Ова се мерките и предлозите кои ги побарале инвеститорите:

„Мерки за поддршка на одржување на бројот на вработени, субвенционирање на трошоците за електрична енергија, намалување на увозните царински давачки. Поголема помош за инвестиции во нематеријални средства како на пример во софтвери, поголема флексибилност во толкувањето и применувањето на договорите и правилата, унапредување на ефикасноста и знаењето на вработените во институциите“, стои во анализата.

Податоците откриваат и дека 75% од компаниите повторно би инвестирале во Македонија. А како главни причини на компаниите кои не се сигурни дали би инвестирале се: несигурна економска и институционална клима, негативна перцепција кон странските инвеститори незаинтересираност на работниот кадар за учење и работа, недоволна институционалана грижа неисполнување на дадени ветувања и договорни обврски. Анкетата е спроведена во период од 4 до 18 ноември 2021 година. Одговори се барале во 39 компании со капитал од САД, Германија, Велика Британија, Канада, Италија, Турција, Белгија, Словенија.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.