Руските вооружени сили и украинските бранители со денови водат жестоки битки за Северодонецк, клучниот град во источна Украина. Ако Северодонецк падне во руски раце, тоа ќе значи дека Русите ја презеле контролата врз целиот регион Луганск.
На социјалните мрежи денес се појави видео на кое, според Sky News, се гледа како странските борци пристигнуваат во Северодонецк за да се борат рамо до рамо со украинските бранители. Не е сосема јасно кога е направена видео снимката, но се претпоставува дека видеото е снимено неодамна.
Foreign fighters have joined the Ukrainian forces in Severodonetsk to help retain control of the strategic city.
Latest on the war in Ukraine: https://t.co/OjwVY8NGtL pic.twitter.com/JDZwDGmuKR
— Sky News (@SkyNews) June 7, 2022
Русија денес објави дека окупирала големи делови од источна Украина по жестоките, неколкунеделни напади и неодамнешното распоредување на дополнителни трупи.
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу истакна дека руските вооружени сили сега контролираат 97 отсто од регионот Луганск.
Русија како главна цел на инвазијата на Украина ја постави окупацијата на целиот Донбас, кој се состои од регионите Доњецк и Луганск, и каде што проруските сепаратисти поддржани од Москва се борат против украинските вооружени сили од 2014 година.
Сергеј Шојгу изјави дека руските вооружени сили окупирале станбени области во градот Северодонецк и се борат за контрола над индустриската зона на нејзината периферија и блиските места.
Северодонецк, административниот центар на областа Луганск, во последните денови беше во фокусот на руската офанзива. Северодонецк и блискиот Лисичанск се единствените два града во Донбас кои се спротивставуваат на руските напади.
На почетокот на офанзивата, руските вооружени сили ја презедоа контролата врз целата област Керсон и голем дел од областа Запорожје во јужна Украина. Руските власти и нивните локални сојузници ги разгледуваат плановите да ги прогласат регионите независни или да ги припојат кон Русија.
Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољакизјави дека Москва распоредува дополнителни војници во источна Украинаи ги повика Украинците да не се обесхрабруваат поради пресвртот на бојното поле.
„Нека не ве плаши веста дека сме се откажале од нешто. Јасно е дека тактички маневри се во тек. Да се откажеме од нешто, нешто да вратиме“ вели Подољак.