Познатиот режисер и двоен добитник на наградата Оскар, Оливер Стоун, со играниот филм ЏФК започна полемика и контраверзи со тезата дека американскиот претседател бил убиен во организиран обид за државен удар пред три децении, што, меѓу другото, го принуди и американскиот Конгрес да донесе декрет за објавување на документи за атентатот најдоцна до 2017 година.
Сепак, ден пред крајниот рок за тоа, тогашниот претседател Доналд Трамп одлучи да не го потпише декретот. Стоун сега го сними и документарен филм-Повторно за ЏФК: Надвор од огледалото.
Преставувајќи го новиот филм, Стоун преку Zoom, од неговиот стан во Лос Анџелес, зборуваше со новинарката на Холивуд Репортер, Татјана Сигел, за мотивите за снимање на документарецот со дополнителен материјал, зошто Трамп се откажал од неговиот потпис, писмото на Џеки Кенеди и средбите со синот на убиениот претседател, како и зошто се свртел исклучиво на снимање документарци.
Ние го започнавме ова пред две, три години и имаше многу детали што беа пронајдени, но не беа пријавени. Има една црна дупка во сеќавањата за Кенеди. И јас сакав да откријам што знам за него, пред да заминам од овој свет. Јас не можев да спакувам сè што знам за него во документарниот филм, но можев да внесам многу факти што се појавија по снимањето на филмот во 1991 година, како и да потврдам некои од нив, бидејќи беше напаѓан од сите страни. Важно ми е, и постојано ми лежи на душа и во мојата совест, на луѓето на кој им е важно тоа, сето тоа да им го презентирам. Трамп требаше да го потпише обелоденувањето во 2017 година и се повлече 12 часа пред тоа, вели Стоун, убеден дека многу од документација не е доставена до јавност и дека можеби е уништена.
На прашањето зошто Трамп се откажал од потпишување на документите, режисерот рече дека тоа се случило и во други случаи кога биле предизвикани безбедносните служби.
Кој знае што мислеше Трамп. Тој е мистериозен човек. Сигурен сум дека беше под некаков притисок. И тогаш дојдоа и му рекоа: Не можеме да го сториме ова од безбедносни причини. Тој се повлече од други работи исто така, секогаш кога ќе поставевме предизвик пред разузнавачките агенции. Се сеќавате (на сенаторот Чак) на изјавата на Шамер? Трамп, за…вај со ЦИА, во спротивно тие ќе те уништат, рече Стоун.
Режисерот посочува дека е важно за помладите генерации да откријат што се случило затоа што „се чини дека земјата лута и талка“.
На прашањето дали сега има поголема слобода, кога Џеки Кенеди повеќе не е жива и нема страв од нејзините забелешки за снимањето на атентатот, режисерот одговори негативно.
Никогаш не слушнавме што има да каже Џеки Кенеди за тоа. Ми напиша прекрасно писмо за филмот Вод. И се допадна Вод и сметаше дека тоа е ремек-дело, нешто како општо американско добро. И ми рече да ја посетам ако некогаш сакам да напишам книга, беше цитиран од Хедлајнер.