Стопете ги килограмите за кратко време: Летна диета со краставици

Диетата со краставици брзо носи резултати, а притоа не морате да гладувате ниту да броите калории.

Времетраењето на оваа диета е од 10 до 14 дена доколку сакате да ослабите седум килограми.

Google search engine

Намирниците кои смеете да ги консумирате во текот на оваа диета се краставици, јајца, туна, бело месо, варен компир, свежо овошје, интегрален леб или двопек, вода, чај и кафе.

Салата од краставици можете да јадете во неограничени количини и секој пат кога ќе огладните, а останатите намирници треба да ги јадете на следниов начин.

– 2 варени јајца или 150 гр туна без маслото или 150 гр грилувано бело пилешко месо

– 2 големи компири варени на пареа или 3 кришки интегрален леб или двопек

– 500 гр свежо сезонско овошје.

Секој пат кога ќе огладните можете да изедете салата од краставици. Кафе и чај морате да пиете без шеќер и строго мора да се откажете од слатки, алкохол и масти.

За време на оваа диета многу е важно порано да заминувате на спиење, а успехот по 14 дена ви е загарантиран. Сами одредете си во кое време што ќе јадете така што ќе имате пет оброци дневно, три главни оброци и две ужинки.

ПретходнаСтар јапонски рецепт кој ги намалува годините од лицето
СледнаМицкоски: Преспанскиот договор не е завршена работа