Столтенберг: Мора да се подготвиме за исцрпувачка војна

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека сојузниците на Украина мора да се подготват за исцрпувачка војна.

По вчерашниот разговор во Белата куќа со американскиот претседател Џо Бајден, Столтенберг изјави дека сојузниците на Украина мора да бидат подготвени за долготрајна војна бидејќи, според него, војната во Украина станала војна на трошење.

Google search engine

Тој повтори дека НАТО не сака да влезе во директна конфронтација со Русија, но посочи дека западната воена алијанса има одговорност да ја поддржи Украина, пренесува Гардијан.

Според Столтенберг, повеќето војни, најверојатно и оваа, во некоја фаза ќе завршат на преговарачката маса, но она што се случува на преговарачката маса е многу поврзано со ситуацијата на теренот, на бојното поле.

- АУДИО РЕКЛАМА -