Стојкоски: Ставаме акцент на развивање на социјалните услуги на територијата на општината Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска ги посетил Зоран и Стефан, лица со целебрална парализа од Волково.

Во природата на делувањето ми е да помагам, но овојпат како градоначалник должност ми е да бидам прв сојузник со жителите од социјално – ранливите категории. Сакам да упатам јавна благодарност до сите физички и правни лица, како и до мојот предходник Наумоски за заложбата семејството Петровиќ да добие подобри услови за живеење и нега на своите деца. Во мојата програма во следните четири години акцентот е ставен на развивање на социјалните услуги на територијата на општината Ѓорче Петров. Проектот опфаќа помош и нега во домот на овие деца, што е новитет во социјалната сфера, вели Стојкоски.

Google search engine

Посочува дека ако не може државата, тогаш тие ќе направат семејството Петровиќ да добијат свој простор, еднаков за сите луѓе.

Апелирам до сите донатори кои сакаат да помогнат и на ова семејство да му подарат зрак надеж, бидејќи не смееме да заборавиме дека сите деца се еднакви, пишува градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.