Стјуард на „Air New Zealand“ по име Бен Ватман, за „AU News“ објасни што точно се случува со нашите тела за време на авионски лет и откри зошто е важно патниците да останат хидрирани.
Важноста на спиењето
Летовите, особено оние на долги релации, може да ги направат луѓето летаргични или немирни додека се обидуваат да го поминат времето, а стјуардот истакнува клучна работа што треба да се има на ум при долгите летови.
„За време на долг лет клучно е да се чувствуваме удобно и безбедно, а особено е важно да се обезбеди сон за време на летот кој трае повеќе од 10 часа“, вели тој и потоа објаснува што се случува со нашето тело за време на летот.

Важноста на хидратацијата
„Поради рециркулацијата на воздухот во авионот, грлото, носот и кожата ќе ви се исушат“, објаснува Ватман, додавајќи дека луѓето можат ‘да изгубат помеѓу еден и пол до два литри вода за време на лет од 10 часа’“.
Токму затоа Aerospace Medical Association ги советува патниците да го ограничат консумирањето алкохол, чај и кафе за време на летот, бидејќи тие можат да предизвикаат дехидрација, како и да пијат вода за време на летовите.
