Стар јапонски рецепт кој ги намалува годините од лицето

Јапонците се познати како долговечен народ, а жените како младолики, па дури и на постари години.

Нивната тајна е оризот!

Google search engine

Богат е со скваленска и линолска киселина, силни антиоксиданти кои ја забавуваат појавата на брчки и го стимулираат производството на колаген.

За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се три состојки:

– 1 лажица млеко

– 1 лажица мед

– 3 лажици ориз

Пред се оризот мора да го обарите. Потоа, водата во која сте го вареле оризот оставете ја на страна. Помешајте го оризот со млекото, а потоа додадете мед. Маската нанесете ја на исчистено лице.

Измијте ја со водата каде го варевте оризот. Маската ќе ја направи поздрава вашата кожа. Ќе ја хидрира и ќе ги отстрани брчките.

Антиоксидантите кои се наоѓаат во водата, во која е варен оризот, благовремено делуваат на кожата.

ПретходнаПодатоците од паметните часовници откриле некои од последиците на долг Ковид-19 кај луѓето
СледнаСтопете ги килограмите за кратко време: Летна диета со краставици