Стапката на смртност во Германија драстично падна: Научниците сметаат дека знаат зошто…

Стапката на смртност како последица на коронавирусот меѓу пациентите во германските универзитетски болници значајно се намалила во текот на 2020-та година, покажува најновата студија.

Научниот тим од Ерланген утврди дека подобрените методи на лекувања, новите знаења и искуства придонеле за ваквиот тренд.

Google search engine

Анализата покажува опаѓачки тренд на просечната стапка на смртност од 20,7% во периодот од јануари до април минатата година, на 12,7% во периодот од мај до септември минатата година. Истражувањето опфатило 1,300 заболени од коронавирусот во 14 германски универзитетски клиники.

Севкупно, речиси една петина од хоспитализираните пациенти заразени со коронавирус (18,8%) починале во 14 клиники во периодот од јануари до септември. Смртноста на лицата приклучени на респираторна машина од јануари до април достигнала 39,8%, а во следниот период од мај до септември се намалила на 33,7%.

Германија сега се соочува со тешкиот трет бран на епеидемијата која забрзано се шири поради позаразната британска мутација на коронавирусот и сојузната и покраинските власти се соочени со носење на одлуки за рестриктивни мерки со цел да се сопре ширењето на вирусот.

Инаку, германските власти денеска соопштија дека во текот на последните 24 часа во Германија се регистрирани 9,872 новозаразени, а 43 лица починаа како последица на коронавирусот.