Репрезентацијата на Македонија за прв пат се квалификуваше во доигрувањата за пласман на едно светско првенство. Станува збор за СП во Катар во 2022-ра, кое ќе се игра на осум стадиони.
Клучната одлика на локацијата на Мундијалот во 2022-ра е тоа што, за разлика до претходните домаќини, Русија и Бразил, стадионите се максимално оддалечени само 75 километри.
Од тоа, четири стадиони се наоѓаат на поширокото подрачје на престолнината Доха и се поврзани со метро систем.
Оваа компактна верзија на СП секако дека најмногу ќе им значи на фудбалерите, но и на навивачите кои нема да мораат да минуваат стотици, па и илјадници километри меѓу натпреварите.
За разлика од претходните турнири, сите селекции ќе бидат базирани на исто место во текот на целото натпреварување.
Катар при изградбата на стадионите фокусот го ставил на презентацијата на историскиот и културниот аспект на земјата, а клучни термини биле “наследство”, “комфор”, “пристапност” и “одржливост”.
Поради топлата клима секој стадион има сопствен систем на ладење кој ја намалува температурата до 20 степени Целзиусови.
Првиот натпревар ќе се игра на Ал Бајт стадионот, додека финалето на стадионот Лусаил.
Мундијалот ќе се игра на следните стадиони:
– Лусаил (80.000 места)
– Ал Бајт (60.000)
– Рас Абу Абуд (40.000)
– Едукејшн сити (45.350)
– Ахмед бин Али (44.740)
– Калифа Интернешенал (40.000)
– Ал Жануб (40.000)