Српски специјални единици се упатија кон Северно Косово!? Видеото се шири на социјалните мрежи, состојбата е драматична!? (видео)

Околу дсет оклопни возила на српските специјални единици се упатија кон Јариње и Лепосавиќ. Луѓето кои се на барикадите го чекаат нивното доаѓање, го пренесуваат српските медиуми пишувањето на дневниот лист Ало.

На социјалната мрежа Инстаграм беше објавено видео од оклопни возила на специјални единици, кои наводно биле забележани во Рашка.

Google search engine

Да потсетиме дека откако специјалната полициска единица Росу пристигна на премините Јариње и Брњак во раните утрински часови со околу 20 возила, од кои 10 беа блиндирани, силите на специјалните полициски единици РОСУ беа распоредени на други места низ северно Косово.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ повика на сочувување на мирот.

Граѓаните на Северно Косово од српска националност во текот на денот поставуваа шатори, што ја покажува нивната решеност да преноќат во Јариње. Тие ќе останат на главниот пат Јариње-Лепосавиќ во текот на ноќта. Запалија оган и се греат од него.

Б92 повикувајќи се на свои извори објави дека и нови единици на специјалната единица РОСУ се упатиле кон административните премини Брњак и Јариње.

Оклопните возила поминаа низ Зубин Поток и се упатија кон Брњак, пренесуваат српските медиуми.