Српски работници направија скандал во Канада: Организирале забава со стриптизерка, па…

Во центарот на вниманието на канадската јавност деновиве е видео снимката на српски градежни работници кои во Торонто направиле журка со стриптизерка.

Фотографии најпрвин започнале да кружат на социјалната мрежа „Твитер“, а потоа испливаа и неколку снимки на кои може да се види како работниците ја прегрнуваат, бакнуваат и ја полеваат девојката со вотка.

Google search engine

Како што пренесуваат канадските медиуми, работниците, покрај скандалозната забава, не ги почитуваат ниту пропишаните епидемиолошки мерки.

Според информациите на српските медиуми, станува збор за „прослава“ на пензионирањето на еден од работниците – организирана е забава со стриптизерка, се слуша српска народна музика и се пие алкохол. Сепак, работниците се соочија со огромни проблеми откако снимката се појави во јавноста.

Наводно, веќе биле поднесени неколку барања за развод, а лицето кое што снимало и ги објавило материјалите на социјалните мрежи било физички нападнато и моментално е во кома. Приватната компанија Nelmar Drywall во која работеле веќе загубила милионски договори, а присутните на забавата добиле откази.

 

Од компанијата Nelmar Drywall соопштија дека ќе ги преземат сите чекори и ќе го зголемат надзорот над нивните работници за во иднина да не се повтори нешто слично.

ПретходнаKој ќе го наследи богатството на принцот Филип – вредно 100 милиони фунти
СледнаГрција најави крај на карантинот – отварање по Велигден. Нема веќе забрана за шопинг моловите