Српската премиерка Брнабиќ се најде на Инстаграм профилот на Џенифер Анистон: „Охрабрете се жени…“

Холивудската актерка Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил објавила фотографии од жени од јавниот и политички живот, а токму во нив ја вброила и српската премиерка Ана Брнабиќ – со порака „охрабрете се жени и променете го светот“.

Актерката својата објава на Инстаграм ја започнала со пораката:

Реклама

„Додека светот беше дефокусиран со бучавата на оние отпорните на промена, промените секако се случуваа“, а потоа поставила фотографии од претседателки и премиерки на земјите ширум светот, меѓу кои ја вброила и Брнабиќ.

Покрај Брнабиќ, на социјалната мрежа Инстаграм Анистон поставила фотографии од германската канцеларка Ангела Меркел како и премиерките на Шкотска, Норвешка, Сингапур, Данска и Словачка.

Потоа, Анистон напишала:

„Охрабрете се жени и променете го светот“, па меѓу другото поставила фотографии и од шведската активистка Грета Тунберг, поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, сопругата на некогашниот претседател на САД, Барак Обама – Мишел Обама, американската водителка Опра Винфри, потпретседателката на САД Камала Харис и претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси.

Ова се дел од фотографиите:

 

Реклама