Средношколците во Скопје го „прославија“ 1 септември – забава во скопско кафуле, без почитување мерки

Почетокот на учебната година во Македонија е одложен за 1-ви октомври, поради пандемијата коронавирус, а во меѓувреме првиот училишен ден не остана не одбележан од страна на младите ученици.

Google search engine

На социјалната мрежа Фејсбук кружи видео од синоќешната забава на средношколците, од Трговскиот центар Бисер во Скопје, каде што без никакво почитување на мерките очигледно е дека се однесуваат како вирусот да не постои.

И покрај вчерашните протести на средношколците, за да ја започнат учебната година од училишните клупи, сепак вчера македонската јавност беше сведок на нешто друго – забава без никакво почитување на мерките за заштита.