Израел ја потврди својата подготвеност да биде домаќин на евентуалната средба помеѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски во Ерусалим.
Претходно претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го спомена и го нарече Израел можно место за средба со претседателот на Русија, Владимир Путин за да се реши ситуацијата.
„Разговарав со израелскиот премиер Нефтали Бенет. Му кажав и мислам дека е погрешно, неконструктивно да се среќаваме во Украина, Русија и Белорусија. Тоа не се точките каде што можеме да најдеме разбирање и да ја запреме војната. Не зборуваме за технички состаноци, туку за средба на претседатели. Дали мислам дека Израел може да биде таква земја, особено Ерусалим ? Мислам дека е така“, кажа Зеленскина средбата со претставници на странски медиуми во Киев во саботата.
Тој додаде дека има позитивен став кон посредништвото на израелскиот премиер Нафтали Бенет во решавањето на мировните прашања помеѓу Украина и Русија.
Тој исто така додаде дека Израел треба да биде меѓу гарантите за безбедноста на Украина.
По овие наводи дека Израел би можел да биде нова точка на мирот и место каде што ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Русија и Украина, официјални лица соопштија дека ја потврдиле подготвеноста на Израел за таков предизвик.
„Израел ја потврди својата подготвеност да биде домаќин на евентуална средба Путин-Зеленски во Ерусалим“, изјави амбасадорот во Русија.