Србите пред голем успех во фудбалот, на чекор да имаат директно место во Лигата на шампионите

Црвена Звезда одигра 1:1 против португалска Брага во последното коло од групата Ф во Лига Европа и како првопласирана екипа во групата директно се пласираше во осминафиналето на натпреварувањето. Партизан одигра 1:1 против кипарски Анортозис и од второто место во групата се пласира во Конференциската лига.

Доколку победеше Партизан, Србија ќе го потврдише 11. место на ранг-листата на УЕФА, односно два претставника во Лигата на шампионите во сезоната 2023/2024.

Google search engine

Доколку Звезда и Партизан остварат барем едно реми во осминафиналето на Лига Европа, односно шеснаесетфиналето на Конференциската лига, Србија ќе има пет претставници во Европа.

Еден ќе оди директно во Лигата на шампионите, еден во квалификациите, а три екипи би оделе во квалификациите за Лига Европа. Србија е блиску до престигнување на Украина, која веќе нема свој претставник во Европа.

- АУДИО РЕКЛАМА -