Србите направија шоу на социјалните мрежи: Ве сакаме, ова лето одиме на одмор во Македонија!

Српските претставнички на овогодинешната Евровизија завршија на 15-то место, но оставија прилично позитивен впечаток.

Македонското стручно жири на “Hurricane” им додели 12 бода, а српските претставнички од жирито во регионот добија поени уште само од Хрватска (7 поени) и Албанија (1 поен). Кога станува збор за гласовите од публиката, од Србија од Македонија исто така доби 12 бода, а исто така 12 бода на девојките од “Hurricane” им доделија и гласачите од Словенија, Хрватска, Австрија и Швајцарија.

Google search engine

Со оглед на тоа што од стручното жири Србија единствената 12-ка ја доби од Македонија, на социјалните мрежи Србите направија шоу и го изнасмеаа целиот Балкан.