Србинка ја однесе титулата најдобра актерка во Европа – која е таа? „Ми дадовте шанса да кажам што чуствувам за војните во Југославија“

Српската актерка Јасна Ѓуричиќ прогласена е за најдобра европска актерка во 2021 година на доделувањето на 34-те Европски филмски награди (EFA).

Ѓуричиќ ја толкувала главната улога во филмот „Quo Vadis, Aida?“ којшто беше прогласен за најдобар европски филм, а неговата режисерка Јасмила Жбаниќ е добитника на наградата за најдобра режисерка.

Google search engine

Жбаниќ ја посвети наградата за филмот на жените во земјата и нивните напори за градење мир по војната во Босна.

„Жените секогаш треба да го поправаат нередот што го прават мажите. Тие нè научија како уништувањето да го претвориме во љубов“, изјави таа.

 

„Сега имам доказ дека сум европска актерка. Прво сакам да ѝ се заблагодарам на екипата од филмот. Вие сте најдобрата екипа, секогаш ќе останете во моето срце. Му благодарам на моето семејство, децата и сопругот“, изјавила Ѓуричиќ откако ѝ била врачена наградата.

„Ми дадовте нешто, ми дадовте шанса и простор конечно да кажам сè што чувствувам за војните во поранешна Југославија. Јасмила, ти благодарам што зачекори таму каде никој друг не успеа да стигне. Оваа награда е посветена на сите жртви и мајки“, порачала таа.

Јасна Ѓуричиќ е српска актерка родена 1966 година во Руми. Завршила Академија на уметностите во Нови Сад, а денес е добитничка на бројни филмски награди. Меѓу останатото, освоила и четири Стериини награди и Златен ловоров венец на MESS.