Претставник на израелската компанија Рафаел потврди дека Србија преговара со Израел за набавка на противоклопни ракети „спајк“.
Ракетите „спајк“ се од најновата генерација и се лансираат од рамо, оклопно возило или хеликоптер и ги уништуваат сите модерни тенкови и оклопни возила.
Имаат дострел од 5,5 километри или дури 10 ако ги лансира хеликоптер.
„Во Србија настапуваме заедно со Југоимпорт и работиме на промовија на ракетите спајк ЛР2. Тоа е она што го промовираме во последно време“, кажа Ал Захер, регионален директор на компанијата Рафаел.
„Спајк“ е четврта генерација преносни и ненаведувани антитенковски ракети кои користат ХЕАТ боеви глави.
Во регионот, вакви ракети користат Словенија и Хрватска.