Од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР-тест за влез во Србија за граѓаните на Македонија. Ова денеска го соопштила премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ за време на телефонскиот разговор со македонскиот премиер Зоран Заев. За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.
-Со одлуката повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, соопшти денеска македонската Влада.