Србија добива стадион од 257 милиони евра! Погледајте како ќе изгледа (фото)

Нашиот северен сосед веќе долго време чека нов национален стадион, а наскоро би требало да започнат градежните активности за изградба на истиот. Се уште не се знае точниот датум за почеток на изградбата, но Министерството за градежништво сообраќај и инфраструктура како и Урбанистичкиот завод на Белград јавно го преставија проектот како би требало да изгледа новиот стадион и целата документација.

Србија планира да направи стадион, а за неговата изградба се потребни ни помалку ни повеќе туку 257.000.000 евра, а тој би требало да изгледа навистина импресивно.

Google search engine

Божидар Бојовиќ од Урбанистичкиот завод на Белград ја објасни точната локација на стадионот како и стандардите по кои истиот ќе биде изграден.

Идниот стадион треба да се изгради во општина Сурчин, позната по истоимениот аеродором во Белград. На вкупно 114 хектари државна површина ќе се гради еден од најмодерните стадиони, какви има само четири според стандардите на УЕФА, а објектот ќе мора да ги исполни сите строги мерки и насоки кои се поставени од страна на европската куќа на фудбалот, изјави Божидар Бојовиќ.

Според досегашните планови идната национална арена би требало да го носи името Србија, а во склоп на стадионот ќе биде сместена и фудбалска академија. Освен тоа се планира стадионот да поседува и трговски центар, музеј на фудбалската историја на Србија и многу други интересни работи.

Се очекува истиот да биде изграден до 2025 година, а до сега било пракса УЕФА ваквите инвестиции да ги награди со одигрување на некое значајно првенство или натпревар на тој стадион.