„Squid Game“ ќе биде најголемото реално шоу во историјата: 456 натпреварувачи ќе се борат за милиони – само 1 ќе биде победник

„Netflix“ ја претвора серијата „Squid Game“ во реалност, во ново натпреварувачко шоу базирано на популарната серија.

Во шоуто со име „Squid Game: The Challenge“ ќе се борат 456 натпреварувачи за 4,56 милиони долари, што е најголемата паушална парична награда во историјата на реалити снимањата, пренесува „Ladbible“.

Google search engine

Шоуто ќе има десет епизоди, во текот на кои најмногу натпреварувачи во историјата на реалити шоута ќе се борат за големата награда, но за разлика од јужнокорејската серија, натпреварувачите кои нема да успеат во нивниот предизвик, сепак нема да бидат погубени.

„Netflix“ ќе го оживее феноменот наречен „Squid Game“ во најголемо шоу некогаш, со најмногу натпреварувачи и најголема паушална парична награда во историјата на реалити телевизијата.

„Вкупно 456 реални играчи ќе влезат во играта во потрага по наградата од 4,56 милиони долари кои ќе им го променат животот“, изјавиле од стримиг-сервисот.

„Додека натпреварувачите се натпреваруваат низ игрите инспирирани од оригиналната серија, со изненадувачки нови датотеки, нивната стратегија, сојузи и карактер ќе биде ставен на искушение додека конкурентите се елиминираат меѓу нив. Влоговите се високи, но во оваа игра најлоша е судбината – да си заминете дома со празни раце“, додале тие.

Шоуто ќе се снима во Велика Британија, а „Netflix“ бара кандидати кои зборуваат англиски јазик од било кое место на светот.

„Squid Game го освои светот благодарение на приказната на режисерот Хван. Благодарни сме на неговата поддршка додека го претвораме измислениот свет во реалност во овој голем натпревар и социјален експеримент“, изјавил Брендон Риег, потпретседател на одделението за нескриптирани и документирани серии во „Netflix“.

Дистописката драма која ја напиша и режира Хван Дон Хок, ги следи очајните луѓе кои се повикани за учество во мистериозна и брутална серија игри за огромна сума на пари.

Серијата на „Netflix“ дебитираше во септември, па набрзо потоа стана најгледана во историјата на таа стриминг-платформа.