Спутник има своја „лајт“ верзија: Ја намалува можноста за зараза за половина…

„Лесната“ верзија на вакцината „Спутник 5“ против коронавирусот, која се дава во една доза, ја намалува можноста за инфекција за 50 до 60 проценти.

Ова за руските медиуми го потврди Александер Гинцбург, директор на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, центар кој стои зад развојот на вакцината.

Google search engine

„Постои “light” верзија која е првата компонента на вакцината „Спутник“. Ако се користи одвоено, без примање на втората доза, овозможува намалување на можноста за инфекција за 50 или 60 проценти“, изјави Гинцбург за „Русија 1“.

Тестирањата на овој вид на вакцината која се дава во една доза започнаа во Москва на 27-ми февруари, а барањето за регистрација на вакцината било поднесено на 29-ти март.

Инаку, вакцината „Спутник 5“ која се дава во две дози и натаму останува главната вакцина. Во струшниот магазин „Лансет“ беше објавено дека руската вакцина има ефикасност од 92% во превенирање на симптоматската болест и 100% во спречувањето на тежок облик на болеста.

Руската вакцина исто така се смета за ефикасна и против новите мутации на коронавирусот.