Спречена катастрофа на Клиниката за пулмологија од невнимателен пациент – Без кислород можел без цигара не можел !?

Сношти, на Клиниката за пулмологија била спречена поголема несреќа, кога 33 годишен пациент од Тетово ја извадил маската за кислородна поддршка и запалил цигара.

Како што информира дежурната екипа на Клиниката, веднаш откако запалил цигара почнал да гори кислородот од маската и го изгорел по лицето и градите. Во собата имало уште неколку пациенти исто така на кислородна поддршка. Од дежурната екипа веднаш реагирале и го исклучиле централниот кислороден систем. Како што велат, доколку не бил изгаснат системот, пожарот можел да се рашири преку кислородот низ металните цевки кои би се загреале и би предизвикале експлозија.

Google search engine

Освен овој пациент немало други повредени. Инаку, на Клиниката за Пулмологија нема пациенти кои се болни од Ковид 19, информираат од Клиниката.

ПретходнаМВР со детали за сообраќајката во Влае
СледнаД-р Пановски: Брзото ширење на омикронот ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци