Спречен терористички напад врз државниот врв на Украина!?

Украинската полиција спречила терористички напад врз државниот врв, тврди член на украинската влада.

Јевхен Јенин, заменик министер за внатрешни работи на Украина, во телевизиско интервју изјави дека нападот бил спречен благодарение на информации добиени од украински оперативни извори.

Google search engine

Тој не откри никакви детали, но рече дека ќе може да даде многу повеќе информации за тоа по победата во војната против Русија.

Оваа информација не е независно потврдена.