Според “Global Firepower” oвие пет сили се најмоќни на светот

Соединетите Американски држави, Русија, Кина, Индија и Јапонија, се најголемите воени сили на светот, објавил порталот “Global Firepower”.

Во тоа истражување се разгледуваат повеќе од 50 индивидуални фактори. Меѓу нив се воена моќ, висина на воениот буџет, логистика и географска положба. Резултатите од ранг листата го прокоментирал американскиот портал “National Interest”.

Google search engine

САД

На прво место се САД. Нив ги карактеризира огромниот буџет, големиот број на војници и значителен резервен состав.

Американската воена индустрија произведува најсовремена воена техника на светот. САД се водечка сила и во областа на воената авијација, имаат најголем број активни носачи на авиони и можност да извршат глобален напад на основа на концепцијата која постои во воената морнарица на САД, а се однесува на примена на офанзивни групи на бродови кои ги предводат носачи на авиони.

Русија

Втора најмоќна воена сила е Русија, која успеала да го обнови воениот потенцијал по постсоветската криза и да реализира многу проекти во врска со модернизацијата на воената авијација и воената морнарица.

Русија поседува нова генерација подморници вооружени со стратешки и крстаречки ракети. Тоа и овозможува да го намали заостатокот зад САД. Се поголемата моќ на руските корвети и други помали бродови зборува во прилог на тоа дека посебно внимание се посетува на зајакнување на одбраната на брегот.

Русија и натаму е пред САД според сите категории на копнено вооружување освен лесни оклопни возила. Кога станува збор за воената авијација, Русија се уште е зад САД, но за воспоставување на доминација во воздухот Русија го произвела ловецот “Su-57”.

Кина

Кина е трета воена сила. Таа заостанува зад Русија и САД, но и натаму вложува големи и долгорочни инвестиции во сите гранки на воената индустрија.

Со втор по големина воен буџет и најголем број на резервисти, Кина демонстрира способност да обезбеди експлозивен развој во краток период.

Значајните ресурси и овозможуваат на Кина во наредните децении да реализира низа амбициозни програми во областа на производството и купувањето на оружје, од создавање на сопствени носачи на авиони со групи придружни воени бродови до производство на флоти бомбардери и ловци од шестата генерација.

Индија

Четврта по сила е војската на Индија, која и покрај релативно малиот воен буџет и својата индустрија која не може да се спореди со индустриите на трите водечки сили, воениот потенцијал го заснова на огромниот ресурс на работна сила и импозантниот број на резервисти.

Индија има голем, иако делумно застарен парк на тенкови, а располага и со импресивна крајбрежна одбрана и солидни резерви на артилериско оружје.

Јапонија

Петта на оваа листа е Јапонија, која ја потиснала француската војска.

Тоа го постигнала благодарение на богатството, релативно големиот воен буџет и извонредната инфраструктура. Јапонија има моќно воено воздухопловство и добро е застапен во поединечни категории на воената морнарица, вклучувајќи уништувачи и подморници, но нејзиниот вкупен рејтинг е полош и поради релативно малите копнени сили.