Според експертите оваа боја е најгрда на светот

Бојата под името „Pantone 488 C“ се смета за најгрдата боја на светот.

Ја опишуваат како „смрт“, „нечистотија“ и „катран“, но оваа грда нијанса има важна задача – да ги одврати луѓето од пушењето. „Pantone 448 C“ е боја која може да се опише како сиво-темнокафеава, а се нарекува и „непроѕирно couché“.

Google search engine

Во 2016 година, по 3-месечно проучување и неколку студии спроведени од страна на агенцијата „GfK“, било заклучено дека оваа боја е толку одвратна што може да ги одврати луѓето од пушење цигари.

„Ги потсетува луѓето на смрт и нечистотија. Никој немаше позитивни коментари за неа“, изјави таа година за британските медиуми Викторија Пар, која го водела истражувањето.

Истражувањето инаку било нарачано од австралиската влада, која била во потрага по што поодвратна боја наменета за пакување на тутунски производи.

По примерот на Австралија набрзо тргнале и други земји како Велика Британија, Ирска и Франција, ставајќи ја истата боја на нивните тутунски производи.