Сплиќанка го избоде фризерот со нож бидејќи лошо го потстрижил нејзиното 28 години помладо момче

Истражниот судија на Сплитскиот Жупаниски суд осуди на затворска казна 58-годишна Сплиќанка која прободела маж со кујнски нож во неговиот стан во Пујанке.

Причината за нападот е бизарна. Жената во станот донела 30-годишно момче на шишање. Изгледа дека не била задоволна од тоа како мажот ја завршил работата, па грабнала нож од сталакот и го прободела во рамото, пренесува Далматински портал.

Google search engine

На повредениот му е укажана лекарска помош во болница, а жената со кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда е однесена на распит во Државното правобранителство, а потоа и е одредена мерка притвор за да не влијае врз сведоците.

Момчето на осомничената е странец со пријавено живеалиште во Сплит, открива Далматински портал.