Спектакуларен грабеж на дијаманти вредни 4 милиони фунти: Измамничка со трик заменила дијаманти со безвредни камчиња

60-годишната Лулу Лакатос се претставила како експерт за дијаманти кога побарала да ги прегледа дијамантите во златарницата “Budles” во централен Лондон. Лакатос “прегледала” седум дијаманти пред да ги стави во торба. Кога сопствениците ја отвориле торбата, во неа пронашле седум кликери.

“Обвинета е дека ги украла дијамантите користејќи ‘трик со кибритчиња'”, рекол обвинителот Филип Стот. “Заговорот во кој таа играла интегрална и централна улога е една од најсофистицираните, најдобро испланирани операции”.

Google search engine

Лакатос, која е родена во Романија, но живеела во Франција, ги демантирала обвиненијата. На судењето се дознало дека директорот на “Budles”, Николас Вејнрајт, се запознал со маж кој се претставил како Сајмон Глас, заинтересиран за инвестирање во вредни дијаманти.

Парот се сретнал во Монако и Вејнрајт тогаш го запознал деловниот партнер на Глас, Русин по име Александар. Притоа била договорена продажба на седум дијаманти вредни 4,2 милиони фунти.

Проценувачката Ана (Лакатос) требала потоа да ги прегледа дијамантите пред да ги стави во торбата која “Budles” ќе ја чува до завршувањето на продажбата.

Лакатос се претставила како Ана и во придружба на Вајнрајт и неговата соработничка Ема Бартон отишла во подрумот на “Budles”, го премерила и спакувала секој дијамант во хартија и ги сместила во кутија. “Кога прегледувањето завршило, кутиите биле сместен во торба со патент на кој подоцна бил ставен катанец”, рекле обвинителите.

Кога Вејнрајт тргнал да си оди, Лакатос брзо ја заменила торбата со идентична торба, а таа со дијамантите ја ставила во својата ташна.

Лакатос потоа се пресоблекла во тоалет од паб и заминала од Лондон користејќи го својот пасош. Била уапсена на Франција на основа на налог кој бил издаден во Британија.