Спасовски: „Вечерва повторно очекуваме насилни протести, дури и со употреба на молотови коктели“

Вчерашниот протест против францускиот предлог под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“, помина со насилство, повредени полицајци, фрлање предмети, камења по Владата и Собранието, говор на омраза, навреди, а како што може да се види од видеото и со молотови коктели.

Скршена заштитна ограда, тули, камења, отпад, шишиња е она што остана по хулиганството од вчерашните протести пред Собранието.

Google search engine

 

Министерството за внатрешни работи вчера извести дека по насилните инциденти повредени се 47 полицајци, а нанесена е штета врз објектите на Владата, Собранието и Министерството за внатрешни работи.

 

Протестите против францускиот предлог продолжуваат и вечерва.

Спасовски изјави дека МВР има оперативни сознанија дека и вечерва се подготвува ескалација на протестите.

„Сите информации се собрани дури и за организаторите“, рече Спасовски, додавајќи дека полицијата има информации дека насилни протести би можеле да се повторат и вечерва дури и со употреба на молотови коктели притоа повикувајќи ги организаторите и лицата кои се подготвуваат за вакво сценарио да се откажат од него.