Спасено 3-годишно момче кое под рушевини било 22 часа: Емотивната сцена од Турција ја враќа вербата во животот и луѓето

Вчера во текот на раните утрински часови Турција ја погоди страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер, а само еден час подоцна следел нов удар со јачина од 6,7.

Големите земјотреси предизвикани биле и во Сирија каде најмногу страдал градот Ал Баб. Тресењето на тлото се почувствувало и во останатите делови на Турција, Грузија, Ерменија, Кипар…

Google search engine

Од Турција се шират сè повеќе видеа од луѓето кои спасувачите успеале да ги извлечат од рушевините. Меѓу нив е и тригодишното момче кое 22 часа било заробено под рушевините во зграда.

Новинар на „TRT“, Ханак Копур го споделил видеото на Твитер, наведувајќи дека ова е чудо.

Најмалку 4.372 смртни случаи биле потврдени во големиот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер, соопшти Орхан Татар, официјално лице од Агенцијата за управување со катастрофи.

Да ве потсетиме, фотографијата која вчера го обиколи светот е бебето спасено од рушевини. Имено, по напорните акции спасувачите успеале да пронајдат неповредено бебе и да го извадат на сигурно, а судејќи по коментарите на социјалните мрежи, фотографијата расплакала многумина.