Спас од алергии: Чудотворна вода за испирање на носот!

Времето на алергиите веќе официјално започна. Токму поради тоа e важно редовно да го испираме носот со цел да се ослободиме од проблемите коишто ни ги нанесува поленот и прашините коишто предизвикуваат кивавица и чешање.

Одлична природна помош за испирање на носот е течноста која може да си ја направите и самите, од корен од бел слез.

Реклама

Подготовка: Една голема лажица корен од бел слез се прелива со 200 мл ладна вода, и се остава да отстои 2 до 3 часа. Течноста потоа се процедува и потоа со неа се испира носот.

Големото количество на излачена слуз од коренот од бел слез ќе ја обложи слузницата на носот и ќе делува антивоспалително.

Чај против алергии

Ова е пример за мешавина од чаеви за сите оние коишто имаат проблеми со алергии, со цел да си ги олеснат симптомите и да ги ублажат алергиите.

Состојки: коприва 25 гр, шипка 15 гр, црн слез 15 гр, бозел 10 гр, млечка 10 гр, невен 10 гр, мајчина душица 10 гр.

Подготовка: 2 супени лажици од оваа мешавина се ставаат во сад со ладна вода, а потоа садот се става на оган и се остава додека водата да проврие. Потоа садот се тргнува од оган, се поклопува со капак и се остава да отстои 10 минути. Потоа процедете, додадете мед по желба, па пијте го чајот постепено во текот на целиот ден.

Совет плус е за пред излегување од домот носот да го намачкате со маслиново масло или масло од невен, на тој начин ќе го спречите влезот на алергентите во носот.

Реклама