Совети како да го „исчистите“ организмот по празничната трпеза – прејадувањето има повеќекратна опасност по здравјето

Еден од главните проблеми е преминувањето од посната на мрсната храна.

Заклучно со Божиќ, сезоната за празничното прејадување полека се приближува, а борбата со наталожените калории, зголемениот холестерол и прекумерното внесување шеќер штотуку започнува.

Тоа што на многумина им претставува посебен проблем е преминувањето од посна кон мрсна храна.

За овие проблеми, како и за штетноста од преминувањето од посна на мрсна храна за нашиот организам, зборувал д-р Предраг Ненадиќ.

Тој навел дека многумина не знаат како правилно се пости и токму поради тоа можат да имаат проблеми.

„Оние кои што се придржуваат до правилниот, црковен пост, нема да имаат никаков проблем. Нивниот организам веќе е навикнат на одреден начин на исхрана и не им е потребна посебна подготвеност за преминување од посна кон мрсна храна. Нашиот организам не препознава дали станува збор за печено месо, варено јадење или риба, тој ги препознава нутритивните вредности на намирниците кои ги внесуваме“, нагласува овој нутриционист.

„Многу малку луѓе знаат дека еден ден правилен пост анулира 10 дена штетно прејадување. Јас на многу од своите пациенти им препорачувам барем еден „гладен ден неделно“, во кој што нема да консумираат речиси ништо. Многумина не знаат дека нашиот организам има можност да закрепне самиот од себе, па поради тоа често треба да го регенерираме на тој начин“, навел д-р Ненадиќ.