Совет на амбасадори: Надлежните да дадат детални информации за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово

Советот на амбасадори соопшти дека очекува надлежните институции на државата да дадат со детални информации пред јавноста за причините кои доведоа до пожарот во модуларната болница во Тетово.

Советот на амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за пожарот во модуларната болница за Ковид-19 во Тетово каде имаше загинати и повредени лица. Советот на амбасадори на семејствата на загинатите во пожарот им упатува најдлабоки сочувства и болката и тагата ја дели со нив и на повредените им посакува брзо и успешно закрепнување, стои во соопштението

Реклама
Реклама