Состојбата во Делхи алармантна: затворени се сите училишта, граѓаните се „гушат“ во токсичен чад!

Властите во индиската престолнина, Делхи ги затворија сите училишта и колеџи на неодредено време поради влошувањето на нивото на загаденоста на воздухот. Забранети се и градежните активности до 21 ноември, со исклучок на проектите поврзани со сообраќајот односно инфраструктурата. Затворени се и неколку електрани на јаглен, па моментално лицеенци за работа имаат само пет од вкупно 11.  Токсичен чад го задушува Делхи.

Нивоата на ПМ2,5, ситните честички кои можат да ги оштетат белите дробови, во Делхи се далеку над нивоата наведени во безбедносните упатства на Светската здравствена организација.  Во повеќе делови од градот во вторникот се забележани бројки близу или повеќе од 400, што е во категоријата тешко загадување. Бројките помеѓу 0 и 50 се сметаат за добри, а помеѓу 51 и 100 како задоволителни, според Индексот за квалитет на воздухот (AQI).

Google search engine

Мешавина од фактори како што се испарувањето од возилата и индустријата, прашината и временските услови придонесоа Делхи да стане најзагадениот главен град во светот. Воздухот станува особено токсичен во зимските месеци бидејќи земјоделците во соседните држави ги палат стрништата.

Огнометот за време на фестивалот Дивали, кој се одржува во исто време, дополнително го влошува квалитетот на воздухот.  Поради слабиот ветер, загадувањето се задржува во долните слоеви на атмосферата.

- АУДИО РЕКЛАМА -