Лоти Реј вели дека отсекогаш била слободоумна, а откако некое време заработувала од продажба на половна облека, во октомври 2017-та година одлучила да стане гола чистачка.
Лоти вели дека сака дополнително да заработи, а денеска редовно документира и заработува детали од своето работно окружување на своите профили на социјалните мрежи.
„Не би го правела ова ако не се исплати финансиски. Се чувствувам пријатно кога сум гола, а парите добро ми доаѓаат. За услугата за чистење наплаќам по 50 фунти од час и за овие шест години работа навистина запознав различни клиенти – оние кои само го сакаат моето друштво, натуристи, но и чудни луѓе кои се надеваат на нешто повеќе и се обидуваат да ме убедат дека претходните чистачки ги масирале или изведувале стриптиз … Иако поединци знаат да бидат и страшни и тешки, заработката е добра. Се на се, клиентите во главно се љубезни и не ја минуваат границата“, искрена е Лоти.

Меѓу нејзините клиенти можете да пронајдете постари мажи во потрага по друштво, но и помлади момчиња кои добро заработуваат и само сакаат да пробаат нешто поинакво, пренесува „Mi London“.
„Не ни отидов на првата работа за која бев најмена. Се исплашив откако ја видов куќата на „Google maps“. Не ми се допадна нејзината положба во шума, а требаше да бидам таму навечер. Но почнав да ги прифаќам работите кои уследија. Си реков – го можеш ти тоа. Запознав разни видови на луѓе во текот на годините. Еден клиент ме ангажираше три пат и можам да ви кажам дека живее во највалканата куќа која некогаш сум ја видела. Но, кога дојдов кај него, увидов дека воопшто не сака да чистам. Не беше ни страшен ни перверзен, само сакаше друштво“, вели Лоти.

За друг клиент вели дека го одбила откако пуштал порнографија на ТВ.
„Луѓето кои се малку страшни обично имаат совршено чисти домови“, утврдила голата чистачка, која цели шест години работела за нудист, кој ја дочекувал сосема гол.

„Секогаш прво пиевме кафе, јас си играв со неговото куче, а потоа почнував со работа“, вели Реј.
„Моите пријатели и семејството знаат што работам, но веројатно се прашуваат зошто го правам тоа. Тие мислат дека сите овие луѓе се чудни и страшни, но всушност се добри. Моето сегашно момче нема проблем со мојата работа, сето тоа му делува освежувачко, но свесна сум дека партнерите на моите пријатели не би сакале голо чистење“, заклучила Лоти Реј.
