Сопственикот на компанијата „Пофикс“ чии простории вчера беа зафатени од пожарот во објектот на поранешна „Македонија Табак“ во Тетово, вели дека штетата е проценета на 12 милиони евра.
Тој им се заблагодари на граѓаните и надлежните кои помогнале при гаснење на пожарот, пренесува „Клан Македонија“.


Сопственикот на компанијата ја откри и причината за пожарот, а тоа е водата, поточно дождот кој ден претходно предизвика поплави во одредени делови на Тетово.
„Материјалните штети се многу големи. Но, ниту еден работник нема да ја изгуби работата, бидејќи тие се нашето семејство“, додаде тој.