„СОПРУГОТ МЕ ИЗНЕВЕРУВАШЕ СО МАЈКА МИ ЦЕЛИ 22 ГОДИНИ !“: Не само што имаа афера туку таа му роди и близнаци

Постојат секакви бизарни приказни за прељубата, но ова е убедливо најбизарната.

Веќе пишувавме за тоа како свекрвата во желбата да ја заведе ќерка си ја открила својата афера од младоста, а денес ви ја пренесуваме приказната за една жена која со ДНК тест сфатила дека нејзиниот сопруг е таткото од нејзините полубраќа.

Google search engine

Жената била шокирана кога открила дека нејзиниот сопруг, со кој има три деца, имал афера со нејзината мајка цели 22 години. ДНК тестот откри дека тој е дури и татко на нејзините браќа близнаци, или полубраќа.

Таа кажа како ја уништил нејзината доверба во сите мажи и целосно и го уништил семејството.

– Со сопругот (39) сум од 15 години. Забременив на 17 години и се преселивме кај моите родители. Наскоро се преселивме во ранчот на мојот покоен дедо, кој живееше веднаш до куќата на моите родители. Сè беше совршено. Нашиот брак беше многу добар. Си купувавме подароци и често излегувавме заедно – сподели таа на Редит.

Меѓутоа, целиот нејзин свет се срушил во моментот кога ги видела сопругот и нејзината мајка заедно во кревет.

– Влегов во нашата спална соба и ги најдов заедно во кревет. Мама почна да вреска да излезам, што уште повеќе ме потресе – рекла таа.

– За жал и мојата најстара ќерка беше дома во спалната соба и ја виде баба и како трча надвор гола. Таа беше шокирана. Таа отиде кај сестра ми. Го замолив мојот сопруг да ми ја каже вистината. Ми призна дека мајка ми го заведувала кога имавме 18 години и живеевме во нивната куќа. Кога сфатив дека моите браќа близнаци и најмладиот брат можат да бидат од мојот сопруг, уште повеќе се шокирав – додала таа.

Таа му кажа сè на нејзиниот татко.

– Го натерав сопругот да се исповеда, а татко ми се шокираше кога дозна, тој и мајка ми беа и средношколски душички. Ја исфрли од дома и побара ДНК тест за моите браќа близнаци и најмладиот брат. Близнаците се биолошки деца на мојот сопруг. Го исфрлив од дома – открила таа.

Таа и нејзиниот татко сега се обидуваат да ги продадат своите куќи за заедно да купат поголем имот на друго место. Таа, исто така, додала како сфатила дека нејзиниот сопруг родил дете за неа и нејзината мајка на само неколку дена разлика.

– Неописливо сум огорчена и лута на мајка ми – рече таа.

– Моите браќа близнаци, една од моите сестри и целото семејство на мојот поранешен не се во контакт со мене и моите деца. Одам на терапија, а на индивидуална терапија одат и моите две поголеми деца – додаде таа, а пренесува Мирор.