Сопругата на Меси за малку ќе го бакнела во уста неговиот соиграч на терен: Ситуација за која јавноста се смее, а можеше да биде скандал на годината

Фудбалерите на Интер Мајами со победа ја отворија сезоната во MLS, а на социјалните мрежи се споделува видео од една необична ситуација.

Лионел Меси на терен против Њујорк влезе во второто полувреме и се запиша во листата на стрелци. Тој продолжи со своето одлично темпо на играње фудбал откако пристигна во САД, а во текот на краткиот престој во новиот клуб тој успеа да му го донесе првиот трофеј на Интер Мајами.

Google search engine

По една од победите се случила сцена за која навивачите не престануваат да зборуваат, а во која се нашле сопругата на Меси, Антонела Рокуцо и долгогодишниот пријател и соиграч на Меси, Џорди Алба.

Меси и Алба заедно играа во Барселона од 2012 до 2021 година и тие се големи пријатели, како и нивните семејства.

Антонела и шпанскиот фудбалер тргнале да се поздрават, но во таа прилика за малку ќе дошло до непријатна ситуација и бакнеж во уста.

И двајцата останале збунети, се насмеале и секој тргнал по својот пат, Антонела кон Лео, а Алба кон своите наследници кои исто така ги поздравил.

Погледнете го видеото: